Home » Карапејовски од ЗНАМ: Африм Гаши е добар човек

Карапејовски од ЗНАМ: Африм Гаши е добар човек

by Журнал.мк

Пратеникот Бобан Карапејовски од Движењето ЗНАМ „За Наша Македонија“ во вечерашното гостување на Сител Телевизија посочи дека како политичка партија сѐ уште немаат заземено став како ќе гласаат за интерпелација на спикерот Гаши, што политичката партија Левица ја поднесе поради тоа што „воведува непринципиелни политики во Собранието“, од причина што, како што рече – се легалисти.

– Никој не е над Уставот и законите, ниту пратениците, ниту министрите, ниту претседателот на Владата, а ниту на државата и претседателот на Собранието, се разбира. Тоа значи дека сѐ мора да биде легалистички до крај изведено. Ние не работиме по шпекулации.

Чекаме институциите да си ја завршат работата, да видиме извештај, да видиме што се случувало, изјави тој, дополнувајќи дека ќе го чекаат деловничкиот рок од десет дена за претседателот на Собранието да одговори на интерпелацијата.

Според Карапејовски, Африм Гаши е добар човек, но претседателот на Собранието Гаши има неколку грешки“.

– Се надевам дека тие грешки ќе излезат и низ извештаите на соодветните државни органи и во неговиот одговор, дека всушност не се толку страшни, дека тој не учествувал на тој начин во сето она што се случувало за да треба да биде разрешен од функцијата претседател на Собранието.

Но, да оставиме извесен период да ги оставиме овие десет дена што деловникот му ги дава и на претседателот на Собранието и тој самиот да се произнесе, а и ние да ги добиеме сите информации, дополни тој.

Во однос на прашањето дека во иницијативата е наведен и случајот и со молитвата, на кој ЗНАМ како партија остро реагирала, Карапејовски одговори дека не смеат да избрзаат и кон него да посочат со прст без да им дадат шанса на институциите соодветно да ги направат сите можни истражувања што се случило и да дадат соодветен извештај.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More