Home » Каракашев: Во Македонија нема доволно производство, од извозна држава се претворивме во увозна

Каракашев: Во Македонија нема доволно производство, од извозна држава се претворивме во увозна

by Журнал.мк

Претседателот на Националната мрежа на земјоделци, Ѓорѓи Каракашев во 24 анализа рече дека најголем проблем е што во Македонија нема доволно производство. Според него, потребна е некаква стратегија со која би се знаело што треба да се произведува.

„Земјоделец сум се занимавам со овоштарство и градинарство. Проблем е тоа што немаме доволно производство. Македонија од извозна држава се претвори во увозна. Се е благодарение на отсуството на стратегија. Немаме стратегија што треба да произведуваме. Ние имаме проблем со законска регулатива во државата. Кој може да произведува грзоје со 2 денари заработка. Има луѓе кои произведуваат 2 тона грозје и не може да преживеат еден месец. Истите луѓе одат странство и заработувата повеќе“, рече Каракашев.

Тој зборуваше и за можноста земјоделците во Грција своите производи да ги продаваат во локалните маркети. Според него, тоа е добра законско решение со кое им се помага на земјоделците но и цените се пониски.

„Имаме високи трошоци, ѓубрива, реагнеси, пестициди и за некоја релана слика ние произведуваме по реално пристапливи цени за нашето змејоделие. Цената на зелка во Струмица е 30 ден на откуп, 30 ден со вклучени трошоци од семка до производ и на крај дали ќе му нешто на земјоделецот е прашање. Вие плаќате 90 денари маржа која ја прават трговците. Ние имаме огрнаичен пристап и на пазари и во маркетите. Во Грција со законско решение во супермаркетите се продааат локални производи минимум 50 % а кај нас немаат никаква обврска“, изјави Каракашев.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk