Home » Капините се суперхрана, имаат бројни здравствени придобивки

Капините се суперхрана, имаат бројни здравствени придобивки

by Журнал.мк

Капините се овошје богато со моќни антиоксиданси, особено елагитанин, кој го нема во речиси ниту една друга намирница. Се сметаат за суперхрана, најмногу поради многу лековитите антиоксиданси, како што се антоцијаните, витаминот Ц и витаминот Е.

Поради сите состојки кои ги содржат, капините се идеални за зајакнување на имунолошкиот систем. Редовното консумирање придонесува многу за заштита на вашето тело од разни инфекции и други болести.

Витаминот Ц помага во производството на колаген, кој ја одржува вашата кожа, крвните садови, ‘рскавицата, тетивите и лигаментите здрави. Витаминот Ц е исто така антиоксиданс кој може да блокира дел од штетите предизвикани од слободните радикали, кои се произведуваат додека вашето тело ја разградува храната.

Ако сакате да имате добро варење, консумирајте капини бидејќи тие се добар извор на влакна. Влакната од капините се многу важни за нормално функционирање на дигестивниот систем, бидејќи го одржуваат дигестивниот систем во идеална состојба.

Магнезиумот и калциумот кои се наоѓаат во капините се многу важни за одржување на здравјето на коските. Магнезиумот ја олеснува апсорпцијата на калциумот во телото, додека калциумот е важен за зајакнување на коските.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More