Канадскиот премиер Џастин Трудо во својата изјава за новинарите даде оценки за налог што МКС го издадеза за приведување на Нетанјаху и Галант, известува Анадолу.
Трудо ги повика сите да се придржуваат до меѓународното право.
Велејќи дека Канада е една од членките основачи на МКС, Трудо рече:
„Ние го браниме меѓународното право и ќе се усогласиме со сите прописи и одлуки на меѓународните судови“.
Премиерот на Канада истакна дека е потребно да се види дека се доставува помош до луѓето кои се соочуваат со глад и болести во Газа.
Зборувајќи дека сите заробеници треба да бидат ослободени, Трудо се осврна на важноста на изнаоѓање решение за две држави.
МКС денеска објави дека издал налог за приведување на израелскиот премиер Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Галант поради воени злосторства и злосторства против човештвото извршени во Газа.