6.8 C
Skopje
Sunday, November 28, 2021

Kамионџија починал во Холандија – се собира помош за транспорт на телото

Најчитани вести

54-годишен крушевчанец Тодор Горгиески, кој работел како камионџија, починал во саботата во Холандија.

На социјалните мрежи е објавен линк со кој се бара помош за семејство чиј близок роднина починал во Холандија. Се собираат пари за да се донесе телото во државава за погреб.

На социјалната мрежа Фејсбук е објавен линк преку кој се бараат донации кои се потребни за транспорт на телото во Македонија како и помош за семејството за останатите трошоци.

„Драги пријатели и колеги, да ја покажиме уште еднаш нашата хуманост и солидарност кон семејството на нашиот колега: Тошо Горгиески од Крушево, кој ненадејно почина во Холандија. Да се здружиме и да помогнеме на фамилијата со екстремните патни трошоци за телото на нашиот драг колега“, стои во објавата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com