Home » Камала Харис веќе гласала, ливчето патува во Калифорнија

Камала Харис веќе гласала, ливчето патува во Калифорнија

by Журнал.мк

Кандидатката на демократите за претседател на САД, Камала Харис веќе го пополнила гласачкото ливче и го испратила во Калифорнија каде што е регистриран гласач.

„Јас всушност само што го пополнив моето гласачко ливче и го испратив по пошта. Така гласав“, изјави Харис во Детриот, пренесе Си-Ен-Ен.

Воедно изјави дека верува во системот и дека нејзиниот глас ќе стигне во матичната држава. Таа исто така преку платформата X упати порака до гласачите:

„Вашиот глас е вашата моќ’“.

Актуелната потпретседателка ги охрабри гласачите да ги користат онлајн ресурсите за да го планираат своето гласање.

Во трката за претседател, анкетите од повеќе извори покажуваат дека Харис и кандидатот на републиканците, Доналд Трамп ќе водат „мртва трка“ за позиција во Овалната соба.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk