Home » Камала Харис почнува рекламна кампања од 90 милиони долари

Камала Харис почнува рекламна кампања од 90 милиони долари

by Журнал.мк

Изборниот штаб на демократската кандидатка Камала Харис почнува рекламна кампања вредна 90 милиони долари во следните три недели за таа подобро да им се претстави на гласачите во Америка.

Тимот на Камала Харис рече дека рекламната кампања ќе се фокусира на нејзината лична приказна, нејзината кариера како обвинител во Калифорнија, нејзината посветеност да се спротивстави на моќните интереси и контраст со она што нејзиниот тим го нарекува „опасна, екстремна агенда“ на републиканскиот кандидат Доналд Трамп.

Рекламите ќе бидат емитувани во седум сојузни држави и ќе стигнат до места до кои се уште не успеала да стигне, како што се Маркет, Висконсин и Ири, Пенсилванија.

Изборниот штаб на Харис соопшти дека рекламите ќе бидат емитувани на емисии што ги гледаат гласачите кои сакаат да ги мотивираат да излезат на гласање, вклучувајќи ги: „Големиот брат“ и „Симпсонови“.

Штабот наведе дека собрал 310 милиони долари во јули и дека во август има на располагање 377 милиони долари.

Главниот заменик-менаџер на Изборниот штаб, Квентин Фалкс рече дека колку повеќе гласачите дознаваат за Харис, толку повеќе ќе сфатат дека таа е единствениот кандидат кој може да ја води земјата во следните четири години.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More