Латино дивата Џенифер Лопез го „запали“ Дубаи со својот настап на отворањето на хотелот „One&Only One Za’abeel“, а иако за него заработи дури пет милиони долари, настанот не помина без контроверзии.
Имено, Џенифер за настапот избрала неколку различни стајлинци, а заедно со комбинацијата ролка со светки и бели панталони, најмногу внимание привлекле двата тесни комбинезона со светки.
Таа ги извела песни „Dinero“, „Jenny From The Block“, „Ain’t It Funny“, „I Will Survive“, „Let’s Get Loud“, а воодушевување предизвикала песната „Louboutins“, која вообичаено не ја изведува на концерти.
Според британскиот весник „Сан“, Џенифер Лопез добила дури 5 милиони долари за да биде почесен гостин на отворањето на хотелот со пет ѕвезди откога претходно тврдела дека нема да настапи.
Проблем со нејзиниот настап на овој настан имала ЛГТБИК+ заедницата во САД, која ја сметаше Џенифер за геј-икона, а ја критикуваа поради законот во Обединетите Арапски Емирати, кои ги забрануваат истополовите врски.
На гламурозната вечер присуствувале и актерите Ванеса Хаџенс и Идрис Елба.