Home » Каква е здравствената состојба на папата Франциско

Каква е здравствената состојба на папата Франциско

by Журнал.мк

Престојот во болница на папата Франциско продолжува. Од петокот, поглаварот на Римокатоличката црква, се лекува од респираторна инфекција во клиниката Гемели во Рим. Во вторникот, Ватикан ги откажа сите состаноци на папата и објави дека понтифот боледува од пневмонија на двете белодробни крила. Папата Франциско има „сложена“ клиничка слика, но е добро расположен, објави вечерва Ватикан во новиот медицински билтен, на петтиот ден од неговата хоспитализација.

„Рентгенот на градниот кош на кој попладнево беше подложен Светиот Отец покажа почеток на воспаление на двата бели дробови, за што е потребен дополнителен третман со лекови. Папата Франциско сепак е во добро расположение“, се вели во вчерашното соопштението на Ватикан.

Папата во петокот беше примен во болница поради инфекција поврзана со бронхитис и тогаш примаше антибиотска терапија базирана на кортизон, но сега терапијата е посложена, додава Ватикан.

„Лабораториските анализи, рендгенските снимки на градниот кош и клиничката состојба на Светиот Отец продолжуваат да претставуваат сложена слика“, соопшти Ватикан, додавајќи дека папата се одмара, се моли и чита.

„Тој ви се заблагодарува за грижата што ја изразувате во овој период и ве замолува, со благодарно срце, да продолжите да се молите за него“, се вели во соопштението на Ватикан.

И покрај здравствените проблеми во последниве години – проблеми со колковите, болки во колената поради кои мора да користи инвалидска количка, операции, респираторни инфекции, аргентинскиот папа Хорхе Бергољо одржува брзо темпо во Ватикан, на големо незадоволство на неговите лекари кои постојано му велат да забави.

Неговата хоспитализација, четврта за помалку од четири години, повторно ги покрена прашањата за неговото здравје и способноста да ги извршува обврските.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk