Home » Каква ќе биде процедурата на набавката налепници со „НМК“ за регистарските таблици

Каква ќе биде процедурата на набавката налепници со „НМК“ за регистарските таблици

by Журнал

Налепниците да бидат на товар на државата, предложиле од Министерството за внатрешни работи, во врска со новите налепници со ознака НМК за возилата.

Тие се очекува наскоро да пристигнат во станиците за технички преглед, каде луѓето веќе почнале да прашуваат кога ќе им бидат доставени, поради краткото време за промена. Сепак, оттаму добиле негативен одговор.

Станиците за технички преглед ги чекаат новите налепници за возилата. Тие немаат информации од кога ќе почнат да ги продаваат, но веруваат дека сите граѓани ќе бидат услужени до 12 февруари.

Најпрво, налепниците треба да бидат доставени во МВР, а потоа дистрибуирани до станиците за техничките прегледи, каде граѓаните ќе можат да ги набават.

Станува збор за неколку типа на налепници, во зависност од типот на возилото, чии цени ќе се движат од 30 до 50 денари, согласно решението објавено во службен весник од 3 јануари годинава. Во однос на цената на налепниците, од МВР изготвиле предлог, истите да бидат на товар на државата.

-Налепниците ќе бидат доставени до сите технички прегледи, а граѓајните ќе можат да ги набават од референтите за сообраќај каде што вршат регистрација. Налепница НМК треба да набават сите сопственици на возила чии регистарски ознаки немаат никаква ознака или имаат ознака МК. -МВР

Рокот за поставување на новите налепници истекува за 10 дена, и прашање е дали сите граѓани ќе можат да ја завршаат таа обврска за толку кратко време.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More