Давид Де Хеа од оваа сезона повторно е активен на големата фудбалска сцена и тоа како голман на Фиорентина каде во досегашниот тек покажува дека се уште е на највисоко ниво и е огромно засилување за калчолигашот.
Де Хеа е во одлична форма и тоа уште еднаш го потврди на вчерашниот меч против Џенова кој „виолетовите“ го добија со 1-0 со погодокот на Госенс во второто полувреме.
Меѓутоа да не беше искусниот голман трите бода немаа да завршат на „Артемио Франки“, имаше неколку добри интервенции од кои најзначајната, најатрактивната беше во судиското продолжение кога успеа чудесно да ја скроти топката по ударот на Васкез. Сосема очекувано Шпанецот беше прогласен за играч на натпреварот.