Home » Како Киа си ја поправи продажбата во Кина

Како Киа си ја поправи продажбата во Кина

by Lina Muslija

Голем број светски производители на автомобили не успеваат да држат чекор со брзите промени во Кина, додека земјата масовно преоѓа на електрични возила. Нивниот пазарен удел паѓа, а тоа повлекува зафати во производството, што обично се преземаат без да се почитува одредена стратегија.

Киа во изминатите години се бореше со опаѓање во продажбата во Кина. Но, корејската марката во меѓувреме ги смени нештата и повторно расте. Тоа може да им послужи како пример на конкурентите, како повторно да го заживеат својот бизнис во Кина.

Големиот пад во продажбата

Во 2016 година, Киа ја имаше најдобрата продажба во земјата. Корејците тогаш продадоа 650.000 возила. Растот во продажбата беше постигнат главно благодарение на зголемената побарувачка за кросовери и СУВ.

Но, продажбата потоа почна да опаѓа од година во година. Во 2022 година, Киа испорача на кинескиот пазар само 94.000 возила.

Поради финансиските загуби, компанијата ги скуси своите производствени капацитети во Кина за повеќе од 50 проценти. Киа сепак презеде и два важни чекори, за повторно да ја стабилизира продажбата во земјата.

Најдостапните модели беа тргнати од понудата

Киа прво реши да ги тргне најдостапните модели од својата понуда, со цел да ја подобри профитабилноста.

Корејците уште во 2021 година прекинаа со производството на возила во заедничката компанија со групацијата Јуангсу Јуеда, што чинеа под 100.000 јуани, односно околу 12.800 евра.

Порасна извозот од Кина

Во исто време, Киа работеше на зголемување на извозот на возила произведени во Кина. Во 2023 година, извозот на Киа забележа раст од 125 проценти, со извезени 86.062 возила. Меѓу главните модели за извоз беа лимузината Пегас, како и кросоверите Селтос и К Икс 1, што се испорачаа на преку 50 пазари на Блискиот Исток, Африка, Југоисточна Азија и Латинска Америка.

Благодарение на зголемениот извоз, вкупниот број на испорачани возила од кинескиот бизнис на Киа во минатата година порасна на преку 166.000 возила.

Заедничката инвестиција на Киа со кинескиот партнер во меѓувреме извезува возила на 76 пазари. Извозот продолжи да расте и годинава, така што вкупниот број на извезени возила во првите осум месеци порасна за 61 проценти во споредба со истиот период лани, со вкупно 154.000 возила.

Киа си ја поврати силата на кинескиот пазар, меѓутоа нејзините електрични возила и натаму се продаваат со мал успех во Кина. Продажбата на електричната Киа ЕВ5, што се произведува во Кина за локалниот пазар, не се издвојува посебно. Но, тоа не го загрозува успехот во присуството на Киа на кинескиот пазар, затоа што со преземените чекори, марката си обезбеди место на најголемиот автомобилски пазар во светот.

Германските производители наидуваат на проблеми во Кина

Германските премиум производители со години ја имаа Кина како најголем и најважен пазар. Нивниот бизнис во меѓувреме почна да трпи. Според аналитичарите на Марклајнс, продажбата на Мерцедес во Кина во периодот од јануари до јули е смалена за осум проценти, на 403.725 возила, во споредба со лани.

Исто е кај БМВ и Ауди. Најмногу е погодена спортската марка Порше, што со продадени 31.201 возила во Кина во првите седум месеци е за дури 37 проценти под резултатот во истиот период лани.

Видеото од тестот на Киа Соренто во Аутомедиа

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk