Home » Како е правилно: Божиќ или Божик?

Како е правилно: Божиќ или Божик?

by Журнал

Денес на овој голем христијански празник е совршеното време да се потсетиме како правилно се честитаат и пишуваат празниците.

За да не згрешиме во честитките и пораките, да се потсетиме дека имињата на празниците се пишуваат со голема буква.

Притоа, само првиот збор се пишува со голема буква, освен ако не се лични имиња. Придавките изведени од имињата на празниците се пишуваат со мала буква, затоа правилно е новогодишни празници, односно божиќни (божикни) празници, божиќна честитка.

Така, правилно е:

Среќна Нова година!

Честит Божиќ/Божик!

Среќни новогодишни и божиќни празници!

Дедо Мраз

Забележувате дека и двете форми, Божиќ и Божик, се употребуваат според македонскиот правопис, што значи дека и двете се точни.

Личните имиња се пишуваат со голема буква, па затоа правилната верзија е Дедо Мраз.

Неправилно е:

Среќна Нова Година!

Среќни Новогодишни и Божиќни празници!

Дедо мраз.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More