Home » Како делуваат временските промени на нас

Како делуваат временските промени на нас

by Журнал

Честите временски промени знаат многу негативно да делуваат на нашето расположение и на нашето здравје. Луѓето на кои им пречат временските промени се нарекуваат метеопати. Метеоропатијата се дефинира како група на симптоми кои се манифестираат при промена на еден или повеќе метеоролошки елементи. Метеоролошки елементи се температурата, влажност на воздухот, ветерот, атмосферски притисок, врнежи, грмежи и друго. Метеоропатијата ги погодува здравите луѓе, но и хронично болните. Метеоропатите се соочуваат и со промени во расположението.

Различни студии кои се спроведени во светот укажуваат дека постои зголемен ризик од срцев удар во текот на зимата, кога одеднаш се разменуваат топли и ладни временски промени во краток период. Деновите исполнети со магла, облаци и промена на воздушниот притисок исто така претставуваат проблем за здравјето на одредена група на луѓе.

Сите луѓе реагираат со различен степен на изразеност на тегобите при неповолните временски промени. Повеќето луѓе негативно реагираат на истите промени. Метеопат може да се смета оној човек кај кој ќе се појават одредени здравствени тегоби или ќе се влоши состојбата на веќе постоечките хронични болести. Најчесто страдаат жените во средна возраст, постарите лица и хроничните болни луѓе.

Постојат два вида на метеопатија – примарна која се јавува кај здравите луѓе и се манифестира со промена на расположението, телесна слабост, апатија или болка во мускулите и зглобовите за време на временските промените и секундарна метеопатија, која се јавува кај хроничните болни со покачен крвен притисок, срцеви и белодробни хронични заболувања, дегенеративни заболувања на коскено-мускулно-зглобниот систем.

Треба да ја следиме временската прогноза за навреме да се подготвиме за временските промените што доаѓаат. Во зимскиот период многу треба да внимаваме и воведеме богата и здрава исхрана со витамини и минерали внесени преку овошјето и зеленчукот. Треба и многу течности, најдобро како најразлични видови чаеви кои ќе бидат полезни за нашето здравје и расположение. Секако и подолгото спиење ни помага да се регенерира организмот. За хроничните болни потребни се почести лекарски контроли.

Ако сме во можност и не е многу загаден воздухот надвор добро би дошло и пешачење не подолго од 30 минути. Во зимскиот ладен период покрај топло чајче добро би ни дошло и туширање наизменично со топла и млака вода, со што би се подобрила циркулацијата на нашето тело.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More