Home » Каевски: Силјановска треба да им се извини на пензионерите за навредите дека се Мапет шоу

Каевски: Силјановска треба да им се извини на пензионерите за навредите дека се Мапет шоу

by Журнал.мк

Додека СДСМ ги покачува пензиите, ги почитува и се грижи за повозрасните граѓани, кандидатката на ДПМНЕ, Гордана Силјановска ги навредуваат пензионерите, споредувајќи ги со Мапет шоу.

Ваков однос кон пензионерите е несоодветен и непримерен, крајно неодговорен за политичар, пратеник или кандидат за претседател на државата.

Пензионерите не заслужуваат да бидат омаловажувани и Силјановска треба да им се извини.

Гледаме дека ДПМНЕ не може да донесе никаква промена.

Кандидатката на опозицијата за претседателка, Гордана Силјановска Давкова се претвори во уште едно лице на ДПМНЕ.

На граѓаните не им е потребен претседател кој ќе биде продолжена рака на Белата палата, нов партиски послушник, не им треба реприза на Иванов.

На граѓаните не им треба уште една катастрофа по примерот на Скопје.

Младите немаат уште една деценија да изгубат во изолација, враќање назад, да чекаат заглавени во подрумите на минатото.

Граѓаните и пензионерите знаат што е најдобро за нив и за Македонија.

Затоа, ќе кажат НЕ на политиките на ДПМНЕ за изолација, враќање назад, откажување и наведнување глава.

Нема откажување од иднината.

На претстојните избори граѓаните ќе кажат ДА за европска иднина и надеж која обезбедува поголеми плати и пензии и достоинствен живот.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More