Home » Каевски: Арсовска еден час даваше отчет, ама не кажа дека сработила еден проект

Каевски: Арсовска еден час даваше отчет, ама не кажа дека сработила еден проект

by Журнал.мк

„Данела Арсовска потроши еден час, а не кажа ниту еден сработен, готов проект. Исто како што се празни првите 82 дена од нејзиниот мандат. Освен нивелирани шахти и мобилни тоалети Арсовска нема реализирано ниту еден конкретен, крупен проект“, рече пратеникот Дарко Каевски како партиска реакција на отчетот на градоначалничката на Скопје за првите 82 дена од нејзиното доаѓање на функцијата. Тој наброја дека се стопирани неколку крупни проекти, а забележа дека на отчетот била пуштена и химна на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој наброја што досега требало да биде завршено од страна на Градот: „Мостот во Аеродром досега требаше да биде завршен. Обновата на Универзалната сала. Бесплатниот превоз за скопјани. Треба да бидат завршени реконструкциите на 10 тина улици. Поминаа 82 дена од мандатот, а наместо решенија и проекти, граѓаните на Скопје од Арсовска видоа само партизација на градската администрација и изземање од одговорност за своите надлежности“, рече Каевски.

Според него, во својот отчет денеска Арсовска заборави да спомене неколку работи кои го одбележаа нејзиниот досегашен мандат:

„Го прекина проектот Бас рапид транзит, ја закочи изградбата на двата нови моста, ја закочи Универзална сала, поништи оглас за вработување на 20 пожарникари. Комплетно ги партизираше јавните претпријатија, јавните установи и Град Скопје. Колку е партизирана работата на Град Скопје зборува и тоа што на денешниот отчет наместо државната, на неколку секунди беше пуштена химната на ВМРО-ДПМНЕ. После 82 дена јасно е дека Данела Арсовска е најслабата градоначалничка на Скопје“, нагласи Каевски и оцени дека Скопје и неговите граѓани не заслужуваат неспособна градоначалничка како што е Арсовска.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More