Home » Кадриу: Одлуката на Уставниот суд е донесена под политички притисок

Кадриу: Одлуката на Уставниот суд е донесена под политички притисок

by Журнал.мк

Осман Кадриу – судијата во Уставниот суд кој вчера гласаше против одлуката за укинување на „балансерот“ нагласува дека единствен излез од оваа ситуација е донесувањето на законот, кој дефинитивно мора да ја исполни уставната категорија за правична застапеност, но вели дека треба да се предвидат санкции за злоупотреба, ако се злоупотреби етничката припадност.

„Моја препорака како адвокат со речиси 50 години искуство е елементот на припадност повторно да се предвиди со закон. Но, со истиот закон и со истиот закон, кој мора да се одобри затоа што повторувам, доколку не се изгласа таков закон, уставната позиција ќе остане само неостварена желба. Но, со истиот закон треба да се предвидат санкции и за злоупотреба на припадноста“, вели Кадриу за тв Алсат.

На прашање како ќе се надмине состојбата во околности кога Уставниот суд со вчерашната одлука потенцираше дека ниту еден граѓанин не може со закон да биде принуден да се изјасни за етничка припадност при вработување, Кадриу вели дека законот мора да подлежи на одредени услови.

„Прашањето како ќе се регулираат конкурсите и огласите, односно може да се регулира со закон за да не се издвојува колку Албанци, Турци или други… Повторно, без регулирање, без многу добро санкционирање на уставната одредба во законот – нема да имаме застапеност“, рече Кадриу.

Според него, трајното решение треба да се регулира со уставни измени, односно одлуките во Уставниот суд да се носат со бадентер за да не можат Албанците да бидат надгласани.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk