Home » Кадиров: Чеченските борци помогнаа во апсењето на терористите кои ја нападнаа Москва

Кадиров: Чеченските борци помогнаа во апсењето на терористите кои ја нападнаа Москва

by Журнал.мк

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров објави дека членовите на баталјонот Ахмат учествувале во апсењето на терористите вклучени во терористичкиот напад на концертната сала во предградијата на Москва.

„Војниците на баталјонот Ахмат, стационирани во областа Брјанск, каде што ги штитат државните граници на Русија со Украина, заедно со Центарот за специјални намени на ФСБ, учествуваа во апсењето на четворица терористи кои се обидуваа да ја преминат руско-украинската граница“, напиша Кадиров на својот канал Телеграм.

Според него, за време на операцијата никој од безбедносните сили не бил повреден. Командантот на Западниот воен округ, генерал-полковник Евгениј Никифоров им се заблагодари на борците на Ахмат. Службениците на Центарот за специјални намени на ФСБ, исто така, изразија благодарност до шефот на Чеченската Република.

„Чеченските борци пристигнаа околу три часот по полноќ на координатите каде се трагаше по терористите и веднаш почнаа да ја чешлаат областа, заедно со ФСБ и борците на Ленинградскиот воен округ на руските вооружени сили“, додаде тој.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More