Home » Кац: Израелските војници остануваат во Газа, Либан и Сирија

Кац: Израелските војници остануваат во Газа, Либан и Сирија

by Журнал.мк

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска изјави дека израелските војници ќе останат на неодредено време во таканаречените безбедносни зони во Појасот Газа, Либан и Сирија, пренесува Тајмс оф Израел.

„За разлика од минатото, израелската армија нема да се евакуира од областите што се исчистени и заземени. Армијата ќе остане во безбедносните зони како тампон меѓу непријателот и израелската заедница во секоја привремена или постојана ситуација во Газа, како во Либан и Сирија“, рече Кац.

Израелските сили зазедоа големи области на Газа во последниве недели во обновената воена кампања во Појасот Газа, откако го прекршија прекинот на огнот минатиот месец.

Израел, исто така, одби да се повлече од некои области во Либан по прекинот на огнот со милитантната група Хезболах минатата година, а окупираше тампон зона во јужна Сирија по соборувањето на претседателот Башар Асад.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk