Манипулирањето со фактите и хистеричните реакции на владата на Република Северна Македонија не влеваат оптимизам дека нашиот југозападен сосед сака односите со Република Бугарија да го напуштат полето на провокации и оркестрирани скандали. Ова е последната реакција од кабинетот на бугарскиот претседател Румен Радев по изјавите на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски упатена кон бугарските власти во врска со непоставувањето на македонското знаме на средбата на претседателката Горда
Како што пренесува бугарското национално радио бнр.бг, реакцијата од кабинетот на Радев доаѓа по повод, како што се велат оттаму, уште една навредлива квалификација кон Бугарија од страна на претставник на македонската влада.
„Отворениот и конструктивен дијалог, дури и на неформалниот состанок, каков што се одржа меѓу претседателите на Република Бугарија и на Република Северна Македонија на 13 ноември, очигледно длабоко вознемири одредени кругови во владата на РСМ“, се вели во соопштението од кабинетот на Радев.
Од кабинетот на бугарскиот претседател посочија дека цивилизираноста на новата влада на РСМ допрва ќе се оценува во насока дали ќе продолжи да биде дел од кампањите за поттикнување на омраза кон Бугарија или ќе се спротивстави и ќе ги почитува меѓународните договори, со нејзината посветеност за имплементација на Копенхашките критериуми за членство во ЕУ.