Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ Каја Калас, повика на посилен меѓународен притисок врз Москва.
Нејзиниот повик доаѓа по најновите напади на Русија врз Украина, во кои загинаа најмалку 12 лица.
„Нападите од синоќа уште еднаш покажуваат дека Русија е решена да го зголеми страдањето и да ја уништи Украина. Ужасно е да видат деца меѓу невините загинати и повредени“, рече Калас.
„Потребен е посилен меѓународен притисок врз Русија за да ја сопре оваа војна“, вели Калас.