Home » Кај 24 угостителски компании во Струмица инспекциите констатирале неправилности

Кај 24 угостителски компании во Струмица инспекциите констатирале неправилности

by Журнал.мк

За 24 правни лица за кои е констатирана неправилност и во законските определени рокови не постапиле денеска доставивме списи до Секторот за урбанизам при Општина Струмица со насоки за постапување. Компаниите кои не постапиле според констатираните забелешки на инспекторите го губат правото да добиваат одобрение за користење јавна површина, објави на неговиот фејсбук профил градоначалникот, Костадин Костадинов.

Тој им се заблагодари на сите угостители кои соработувале и постапувале согласно законските одредби. Побара од Секторот за инспекциски работи при Општината да постапи согласно овластувањата и да достават известување до Државниот пазарен инспекторат за да дејствуваат во рамките на своите надлежности, а кои се однесуваат на вршење дејност според сите законски норми, стандарди и важечки прописи.

Во објавата на Костадинов се наведува дека компаниите кои постапиле согласно констатацијата на инспекторите не добиваат решенија и не го губат правото на користење на јавна површина.

Инаку, неофицијално кај угостителските компании се регистрирани најмногу неправилности во однос на користењето на јавните површини.

На 21 минатиот месец Костадинов издаде наредба за вршење вонредни надзори од страна на Општинскиот инспекторат во координација со градежни, комунални и инспектор за животна средина и се направени надзори на угостителски објекти во централното градско подрачје.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk