„Кај ќе ви оди душата, Господ ќе ве казни“, им порача таткото на загинатата Фросина Кулакова на родителите на возачот Васил Јованов, кој е осуден на 12 години затвор.
„Само да не те сретнам, не ми се смеј цинично“, му рече на Јованов еден од семејството Кулакови.
Судот му го продолжи притворот на Јованов до правосилноста на одлуката.
„Немам никакво барање, благодарам“, рече обвинетиот Васил Јованов.