Популарната пејачка Јелена Карлеуша преку социјалните медиуми ги демантираше вестите на српските медиуми за разводот со нејзиниот сопруг, фудбалерот Душко Тошиќ.
Како што е познато, медиумите во Србија објавија дека Карлеуша се развела од Тошиќ.
– Се обидуваат да го уништат моето семејство веќе 11 месеци. Никогаш не сум видела толку отворена омраза. Искрено… Ме разведоа, го поделија имотот, ми дадоа алиментација и сè тоа додека мојот сопруг е на другата страна на светот – напиша Карлеуша.
На крајот, таа ги праша медиумите во Србија зошто толку ја мразеле и сакале да наштетат на нејзиното семејството.
„Па, имате ли вие деца“, праша популарната пејачка, меѓу друго