23.8 C
Skopje
Friday, June 25, 2021

Kафеава мечка нападна и касна скијач на Алјаска, тој реши да се преправа дека е мртов

Најчитани вести

Скијач бил нападнат и каснат од кафеава мечка на Аљаска. Човекот бил дел од група која се искачувала на планина во близина на Хаинс, Алјаска, и за време на нападот се здобил со повреди на главата и раката.

Одделот за риби и дивеч на Алјаска соопшти дека жртвата ненамерно разбудила кафеава мечка во дувло, мајка која веројатно го штитела своето младенче. Нападнатиот човек се преправал дека е мртов, со што успеал да се спаси. Хеликоптер за спасување го пронашол него и уште двајца скијачи на околу 10 километри северозападно од Хаинс на надморска височина од околу 490 метри.

Кога пристигнале спасувачите, жртвата сè уште била свесна. Двајца други скијачи му укажале прва помош и контактирале со крајбрежната стража.

„ Користејќи го нивниот сателитски комуникациски уред, утврдивме прецизни GPS координати и надморска височина. Исто така, и што е важно, скијачите имаа светло обоена крпа за да го сигнализираат пилотот на хеликоптерот. Тоа беше апсолутно клучно за да се најдат навреме”, рече пилот поручникот Вил Сирокман.

На другите двајца скијачи не им била потребна помош и сами се спуштија по планината.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести