13 C
Skopje
Saturday, May 8, 2021

Јокиќ и Мареј ги скротија „Волците“, Вашингтон славеа во Бруклин

Најчитани вести

Никола Јокиќ со четвртиот трипл-дабл во сезоната, го предводеше својот Денвер до победата кај Минесота 124:109. Српскиот центар во моментов е најдобар аситент во лигата.

Против Минесота, тој рано влезе во проблеми со личните грешки, но сепак успеа да забележи двоцифрени бројки во три статистички категории (19 поени и 12 скока и асистенции).

Најефикасен кај Денвер беше Џамал Мареј со 36 поени, 26 од нив во првото полувреме.

Вашингтон, во драматичен меч, во Бруклин славеа со 123:122. Првите ѕвезди на Бруклин Кајри Ирвинг и Кевин Дурент заедно постигнаа 58 поени, меѓутоа промашија шутеви за победа во финишот на мечот.

Ирвинг мечот го заврши со 30 поени и 10 асистенции, а Дурент забележа 28 поени и 11 скокови.

Вашингтон го предводеа Бредли Бил со 27, Расел Вестбрук со 24 и Томас Брајант со 21 поен.

Далас без Лука Дончиќ немаа шанси во дуелот со Чикаго. Зек Лавин со 39 поени доминираше во победата на Булс од 118:108. Во отсуство на Дончиќ и Прозингинс, кај Далас се истакна Брансон со 31 поен.

Резултати:

Детроит-Бостон 120:122
Бруклин-Вашингтон 122:123
Мемфис-ЛА Лејкерс 94:108
Минесота-Денвер 109:124
Сан Антонио-Јута 109:130
Чикаго-Далас 118:108
Финикс-ЛА Клиперс 107:112
Голден стејт-Портланд 137:122

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести