Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците во соработка со Иницијативата за една изборна единица ќе одржи отворена дебата за предлог-законот за изменување на Изборниот законик и предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик кои се однесуваат на воведување една изборна единица за парламентарни избори, отворени листи за локални избори и еднаква родова застапеност на листите за пратеници и советници.
Дебатата ќе се одржи со почеток од 14 часот, во Салата „Борис Трајковски“ во зградата на Собранието на Република Северна Македонија.