Home » Jaвен повик за отворање на е-продавници

Jaвен повик за отворање на е-продавници

by Журнал.мк

Aсоцијацијата за е-трговија на Македонија – AETM, во рамки на проектот „Поддршка на локалните бизниси со помош на е-трговија”, кој се реализира во партнерство со компанијата Виса (Visa), објавува јавен повик насловен „Е-трговија: Супермоќ за локалните бизниси”.

Јавниот повик е отворен за сите микро, мали и средни компании, кои сè уште не ги продаваат своите производи или услуги онлајн, а имаат потреба од отворање на е-продавница и од зголемување на знаењата и вештините поврзани со е-трговија. Преку јавниот повик ќе се доделуваат вредносни пакети од 1.000 евра за отворање на дополнителен продажен канал – е-продавница во рамки на постоечка платформа и нејзина маркетинг промоција и ќе се обучуваат бизнисите за зајакнување на вештините поврзани со е-трговија и дигитален маркетинг.

Идејата зад проектот е да им се помогне на компаниите да отворат дополнителен продажен канал – е-продавница со цел добивање на нови клиенти и зголемени продажби, како и да им помогне за унапредување на работата, преку зајакнување на нивните дигитални вештини, кои ќе им помогнат подобро да се претстават во јавноста и да ги реализираат своите бизнис цели.

Проектот ќе трае до крајот на мај 2023 година, а ќе се состои од поврзување на бизнисите со домашните маркетплејс платформи и отворање на нивна е-продавница во рамки на една од платформите која бизнисите сами ќе ја изберат. Одбраните кандидати ќе имаат можност да присуствуваат и на практичен едукативен семинар за е-трговија „Сѐ за е-трговија“, кој ќе се одвива со физичко присуство. Ќе бидат поддржани 15 компании за отворање и промовирањe на нивната е-продавница, а едукативниот семинар ќе можат да го посетат по најмногу двајца претставници од секоја компанија. По завршување на програмата сите учесници ќе добијат сертификати за учество

„Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и со оваа иницијатива се вклучува во напорите за зајакнување на конкурентноста на микро, малите и средни компании и за мотивирање на бизнисите за унапредување на нивното работење, преку вклучување во е-трговијата, како нивен дополнителен продажен канал и зголемување на дигиталните вештини поврзани со е-трговија. Оваа иницијатива се реализира во соработка со компанијата Виса и претставува почетна точка на нашата нова заедничка соработка“, изјави претседателката на АЕТМ Нина Ангеловска.

„Претприемништвото е најголемата сила на секоја економија, особено на тие во развој. Со цел да ги зајакнеме малите и средни бизниси и да ги направиме поконкурентни на пазарот, сакаме заедно со нашите партнери од Асоцијацијата за е-трговија на Македонија да им помогнеме да иницираат онлајн продажба и да се вклучат во тековите на дигиталната економија, која има голем потенцијал за раст и развој на нивниот бизнис”, додаде Владимир Ѓорѓевиќ, генерален директор на Виса за Југоисточна Европа.

Аплицирањето на Јавниот повик, кое што е бесплатно, се одвива онлајн на веб страницата на АЕТМ и трае до петок, 15 март, по што ќе следи евалуацијата на апликациите од страна на комисија составена од експерти во областа.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk