Home » Извршното собрание има право да донесе одлука за разрешување на претседателот на партијата, порача Села

Извршното собрание има право да донесе одлука за разрешување на претседателот на партијата, порача Села

by Журнал

Извршното собрание на Алијансата на Албанците според статутот има право да донесе одлука за разрешување и доверба на претседателот, истакна денеска претседателот на партиското собрание на Алијанса на Албанците Зијадин Села пред почетокот на извршното собранието на партијата прашан дали ќе се разговара за оговорност на претседателот Арбен Таравари.

Потенцираше дека членовите на извршното собрание се тие кои според статутот на партијата ја имаат одговорноста да одлучуваат и нагласи дека поканети се сите членови на централното Собрание, вклучувајќи го и Таравари.

 – Секој член на централното собрание одлучува за партијата и за одлуките кои треба да се донесат во партијата. Ова е органот каде се носат конечни одлуки и тоа се очекува денес – истакна Села.

Во поканата за денешниот состанок, како прва точка на дневен ред е извештајот на претседателот на партијата околу политичките случувања во врска со наредните претседателски и парламентарни избори, а втората точка е разгледување на одлуката на Претседателството на партијата од 21 октомври минатата година, околу настапот на партијата на парламентарните избори.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk