Извршители денеска излегуваат на протест против Владата која предизборно се подготвува да им ги укине скапите награди.
Протестот е официјално најавен и преку истиот извршителите сакаат да го изразат незадоволството од новиот тарифник кој го подготвува министерството за правда.
Она што е познато е дека тие на последното собрание се одлучија за денес да ги затворат канцелариите во знак на револт што им се намалува максималната награда која можат да ја наплатат при извршување од 1 000 на 300 евра.