Home » Извлечени лица заглавени со моторно возило на Галичица

Извлечени лица заглавени со моторно возило на Галичица

by Журнал

Заглавени лица со моторно возило на врвот на Галичица, вчера рано изутрината биле спасени од Единицата за спасување на планина во Охрид.

Како што известуваат од Центарот за управување со кризи, спасителната акција на Галичица која е успешно завршена во координација на Секторот за операции и координација се одвивала од 5 до 8 часот по повик на телефонскиот број 112.

Оттаму додаваат дека паралелно било комуницирано и со лицата заглавени во возилото, за да се дознае повеќе за нивната здравствена состојба. При тоа, биле информирани дека спасителите се на пат за нивно извлекување.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More