Home » Извештај на ОН: Можно е Израелците во Газа да силувале жени

Извештај на ОН: Можно е Израелците во Газа да силувале жени

by Журнал

Обвиненијата се однесуваат на израелски војници.

Обвиненијата вклучуваат дела на убиства, произволно притворање, понижувачко постапување, силување и сексуално вознемирување. Извештајот вчера го објави Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на ОН. Извештајот не детализира како се собрани податоците, но се однесува на фотографии на затворенички во понижувачки околности, наводно направени и објавени на интернет од израелски војници.

Израелските одбранбени сили ги негираат обвинувањата и велат дека се придржуваат до меѓународното право. „Без прецизни детали или докази за поединечни случаи, не е можно длабински да се истражат овие наводи“, изјавиле од ИДФ за Си-Ен-Ен.

Мисијата на Израел во ОН во Женева, исто така, ги негира наводите, кои ги нарече „одвратни тврдења без покритие“. Тие рекоа дека израелската влада не примила никакви поплаки и рекоа дека „Израел е подготвен да ги истражи сите конкретни наводи за недисциплина меѓу неговите безбедносни сили, доколку се презентираат веродостојни докази“.

Официјални лица во највисокото независно тело на ОН за проверка на фактите за човекови права изразиле загриженост за третманот на палестинските жени по нападот на 7 октомври.

„Многу Палестинки и девојчиња се третирани нехумано и понижувачки. Не им се дава храна, лекови или менструални влошки. Ги тепаат“, напишале тие во извештајот. „Имаме информации дека барем во еден случај, Палестинките во Газа биле држени во кафез на дожд без храна.

Претставници на ОН рекоа дека добиле извештаи за повеќе случаи на сексуално вознемирување на жени и девојчиња, што вклучувало соблекување и претресување од страна на израелски војници. „Имаме информации дека најмалку две жени биле силувани, додека на други им се заканувале со силување“, пишуваат во извештајот.

Израел одговорил на извештајот на ОН обвинувајќи ги ОН дека „молчат за сексуалното насилство што Хамас го спроведува од 7 октомври“.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More