Home » Израелско МНР: Во УНРВА работат 100 оперативци на Хамас, побарано е нивно отпуштање

Израелско МНР: Во УНРВА работат 100 оперативци на Хамас, побарано е нивно отпуштање

by Журнал.мк

Израелското Министерство за надворешни работи тврди дека во Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци (УНРВА) се вработени 100 терористи оперативци на Хамас и побара од организацијата веднаш да ги отпушти.

Во писмото на шефот на Бирото за Блискиот Исток на израелското Министерство за надворешни работи, Амир Вајсброд, се наведува дека присуството на терористите на Хамас во УНРВА е „постојана причина за загриженост“ за израелските власти, пренесува денеска „Фокс њуз“.

„Изминатите месеци, Израел откри дека УНРВА вработила стотици терористи во Појасот Газа, главно членови на Хамас и на Палестинскиот исламски џихад, а некои од нив имаат високи позиции во организацијата на ОН или во Хамас. се вели во писмото.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More