Израелскиот рабин Авидан Фридман во знак на протест се заклучи во транспарентен кафез поставен пред парламентот во Ерусалим. Тој планира да остане внатре 50 часа — симболично по еден час за секое лице што сè уште е заложник во Газа. Овој потег доаѓа период кога израелскиот премиер се подготвуваше за важни разговори во Вашингтон во врска со можен прекин на огнот во регионот.
“Нема никаква оправдана причина семејствата на заложниците да поминуваат уште милиони секунди во неизвесност, кога договoр за ослободување постои, но не ги враќа сите. Секој треба да биде вратен дома сега.“
Според израелски извори, бројката на лица што остануваат во заробеништво во Газа се движи околу 50, а се претпоставува дека помалку од половина од нив се уште се живи.

Од страна на САД е предложен времен прекин на огнот од 60 дена, преку кој дел од заложниците би биле ослободени со цел да се овозможи поголема хуманитарна помош за страдалничкото население во Газа. Овој план се гледа како основа за натамошни преговори кои имаат за цел да доведат до крај на повеќе од година и пол долг конфликт во регионот.
Планот би претставувал основа за преговори за целосен крај на 21-месечната војна.
“Ако беше можно да се прекине огнот и со други непријатели, како Хезболах и Иран, тоа мора да биде возможно и во случајот со Газа. Мировниот процес мора да опфати враќање на сите заложници, олеснување на страдањата на цивилите и прекин на човечките загуби меѓу израелските војници, кои, според него, “умираат без јасна цел”.“
Unknown
Воените дејства започнаа во октомври 2023 година, кога по нападот на Хамас врз Израел, при што загинаа околу 1.200 луѓе а 251 беа киднапирани, следеше масовна воена интервенција во Газа. Податоците на локалното Министерство за здравство проценуваат дека над 57.000 Палестинци го загубиле животот, од кои многу се жени и деца. Важно е да се напомене дека ова Министерство е под контрола на Хамас и не прави разлика помеѓу цивили и борци.

Акцијата на рабин Фридман пред Кнесетот привлече значително внимание и од јавноста и од медиумите, одразувајќи ја зголемената загриженост и притисокот врз властите за итно решавање на драмата со заложниците.