Израелски воени авиони синоќа гаѓаа цели на Хезболах во јужен Либан, погодувајќи неколку стотици ракетни фрлачи кои носеа околу 1.000 лансери, соопшти армијата.
Израел го гаѓа јужниот дел на Либан со десетици проектили, изјавија три либански безбедносни извори, пренесе Ројтерс. Засега нема извештаи за жртви.
„Израелската армија (ИД) ќе продолжи да дејствува за да ја деградира инфраструктурата и капацитетите на терористичката организација Хезболах со цел да ја одбрани државата Израел“, се вели во соопштението на ИД.
Овој израелски напад следи по нападот претходно оваа недела што Либан и Хезболах му го припишаа на Израел, кога експлодираа воки-токи и пејџери што ги користеа членовите на Хезболах, при што загинаа 37 луѓе, а беа ранети околу 3.000 во Либан.
Израелскиот министер за одбрана Јоав Галан изјави дека Израел ќе продолжи со воената акција против Хезболах.
Хезболах, како поддршка на Хамас по почетокот на конфликтот во Појасот Газа на 7 октомври минатата година, почна да истрела ракети кон северен Израел.
Израел и Хезболах оттогаш секојдневно разменуваат оган.