Home » Израел се сомнева во инфилтрација на вооружени борци од Либан во Горна Галилеја

Израел се сомнева во инфилтрација на вооружени борци од Либан во Горна Галилеја

by Журнал.мк

Израелските власти им наредија на жителите на неколку области на Горна Галилеја во северен Израел да останат во затворени простории поради сомневање дека вооружени борци се инфилтрирале во регионот од Либан, објавија денес државните медиуми, пренесува Анадолу.

На жителите на неколку заедници во Горна Галилеја, вклучувајќи ја и Реханија, им беше кажано да останат во своите домови до понатамошно известување, откако добија предупредувања за можна инфилтрација на вооружени лица.

Сирени за воздушен напад се огласија денес во градот Акре, во регионот Кирјат во близина на Хаифа, и во населбата Кирјат Шмона и околните области, откако десетици ракети беа лансирани од Либан.

Тензиите и понатаму се високи во регионот додека Израел продолжува со воздушните и копнените напади врз Либан, заедно со нападите врз Појасот Газа.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk