Home » Израел потврди дека го нападнал Јемен

Израел потврди дека го нападнал Јемен

by Журнал.мк

Израелската војска потврди дека нападнала цели на хутите во Јемен.

„Во воздушна операција од голем обем, десетици авиони на израелските воздушни сили нападнаа воени цели на хутскиот терористички режим во областите Рас Иса и Ходеидах во Јемен. Израелските одбранбени сили нападнаа електрична централа и пристаниште што се користеше за извоз на нафта“, објави ИДФ.

Дополнително се вели дека е нападната инфраструктура што се користеше за транспорт на иранско оружје во регионот.

„Нападот е одговор на неодамнешните хутски напади врз Израел“, кажа ИДФ.
Хутите во петокот презедоа одговорност за проектил испукан кон централен Израел што бил пресретнат.

Засега нема информации за евентуални штети и жртви од нападите врз Јемен.

Ходеидах, кој е под контрола на хутите од 2021, е клучен за достава на храна и други неопходни работи за јеменското население.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk