Home » Израел го нападна Јемен

Израел го нападна Јемен

by Журнал.мк

Израелската војска соопшти дека денес извршила воздушни напади на јеменското пристаниште Худаида, еден ден откако јеменските хути испукаа ракета која падна во близина на главниот аеродром Бен Гурион кај Тел Авив.

Војската во соопштението наведе дека нападнала „терористички цели“ на хутите во Худаида и нејзината околина.

„Нападот е извршен како одговор на повторените напади кои терористичкиот режим на хутите ги спроведува против Израел во кои ракети земја-земја и беспилотни летала се лансирани на територијата на државата“, се наведува.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети одмазда за неделниот ракетен напад, прв кој ја проби израелската воздушна одбрана од нападите во март.

Хутите, кои владеат со Јемен, ги гаѓаат Израел и западните бродови во Црвено Море од почетокот на војната на Израел во Газа, во знак на солидарност со Палестинците.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk