Мемфис Депај пронајде решение за продолжението од кариерата, но тоа ќе биде далеку од Европа.
Холандскиот напаѓач се договори и се очекува да потпише со бразилски Коринтијанс. Депај има вербален договор со Бразилците, ќе добие двегодишна соработка со клубот и во наредните денови би требало да биде официјално. Овој потпис ја крева еуфоријата меѓу навивачите на Коринтијанс за сезоната.
Минатата сезона Депај беше дел од Атлетико Мадрид, претходно настапуваше за Барселона, Лион, Манчестер Јунајтед и ПСВ. 30-годишникот беше стандарден репрезентативец на Холандија, а останува да видиме дали тоа ќе се смени во иднина бидејќи ќе настапува во Бразил.