Home » Изненадување за ЕУ: Најновата изјава на Трамп за Европа го потресе светот

Изненадување за ЕУ: Најновата изјава на Трамп за Европа го потресе светот

by Журнал.мк

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја критикуваше Европската Унија, оценувајќи дека во многу аспекти е „полоша од Кина“. Оваа изјава доаѓа само неколку часа откако САД и Кина постигнаа договор за намалување на царините и деескалација на трговската војна.

„Европската Унија е полоша од Кина во многу аспекти. Тие играат валкано. Ќе попуштат, само гледајте. Ние ги држиме сите карти. Се однесуваат многу неправедно кон нас“, изјави Трамп.

И покрај обидите на Брисел да започне преговори за укинување на царините воведени од САД врз европските производи, напредок засега нема. Изјавите на Трамп претставуваат остар контраст во однос на минатонеделните пофалби упатени кон претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, кога ја нарече „фантастична“ и изрази желба за скорешна средба.

Досега Трамп се сретна со неколку европски лидери, но фон дер Лаен сè уште нема закажано состанок со него. Таа изјави дека разговор ќе има само доколку на маса се најде конкретен трговски договор.

Минатата недела ЕУ понуди неколку отстапки, меѓу кои и олеснување на регулаторни мерки и заеднички иницијативи за справување со кинеското прекумерно производство. Сепак, Брисел истовремено се закани со воведување царини за американски производи во вредност од 95 милијарди евра, доколку не се постигне напредок во преговорите. Главниот трговски советник на Трамп, Питер Наваро, ваквиот потег го оцени како провокативен.

Новите критики на Трамп следат веднаш по договорот меѓу САД и Кина, кој беше постигнат на разговорите во Швајцарија, со учество на американскиот секретар за финансии Скот Бесант, трговскиот претставник Џејмисон Грир и кинески делегации.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk