Home » Изминатото деноноќие неколку пожари на отворено во Скопско

Изминатото деноноќие неколку пожари на отворено во Скопско

by Журнал.мк

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало неколку пожари на отворено на територијата на државата.

– Територијална противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ) од 13:10 часот до 16:00 часот со пет пожарникари и две противпожарни возила интервенирале на запалена ниска вегетација и грмушки на површина од 1,000 метари квадратени кај местото „Три Круши“ во општина Кисела Вода, од 14:30 до 15:00 часот со три пожарникари и едно противпожарно возило интервенирале на запалено ѓубре на мала површина покрај ул. „Скупи“ во општина Карпош, од 15:55 до 16:40 часот со четири пожарникари и едно противпожарно возило возило интервенирале на запалено стрниште и бандера на површина од 30 метари квадратени кај село Стајковци во општина Гази Баба и од 17:05 до 17:30 часот, со три пожарникари и едно противпожарно возило интервенирале на запалена ниска вегетација на површина од 300 метари квадратени во населбата „Шуто Оризари“ во општина Шуто Оризари – соопшти утрово ЦУК.

Изминатото деноноќие имало вкупно 1.582 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК.

Од нив „реални“ повици биле 55,82 отсто, а 44,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни, соопшти Центарот за управување со кризи.

Кон Полицијата биле упатени 62,35 отсто, кон Итната медицинска помош 29,15 отсто, a кон пожарникарите 6,88 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Центарот за управување со кризи апелира за редовно чистење на локалните одводни канали и да не се фрлаат отпадоци во нив, како и во речните корита.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk