Home » Изминатото деноноќие изгаснати 11 пожари на отворено

Изминатото деноноќие изгаснати 11 пожари на отворено

by Журнал.мк

Изминатото деноноќие изгаснати 11 пожари на Изминатото деноноќие изгаснати се 11 пожари на отворено во државава. Пожарникарите истовремено гаснеле и други пожари во населените места, информираат утрово од Центарот за управување со кризи.

Од Регионалниот ЦУК Скопје информирале за три пријавени и изгаснати пожари на отворено, од РЦУК Штип за шест, а од РЦУК Велес и РЦУК Куманово за по еден пријавен и изгаснат пожар на отворено.

Од ЦУК апелираат да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар што побрзо да се пријавува на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112.

Центарот за управување со кризи соопшти дека во последното деноноќие имало вкупно 1 691 повик на бројот 112, од коишто „реални“ повици биле 44,41 отсто, а 55,59 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Кон полиција биле упатени 57,98 отсто, кон итната медицинска помош 33,19 проценти, а кон пожарникарите 7,98 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk