Home » Измамник од Скопје им ветувал виза за странска земја и им земал по 1.000 евра од лице

Измамник од Скопје им ветувал виза за странска земја и им земал по 1.000 евра од лице

by Журнал.мк

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против А.А. (41) од Скопје, осомничен за сторено кривично дело „измама“. Според информациите на полицијата, од септември 2023 година досега, А.А. успеал да измами три лица, лажно претставувајќи дека ќе им обезбеди визи за странска земја, и притоа зел по 1.000 евра од секое лице.

Пријавениот ги уверил жртвите дека преку социјалните мрежи и наводна агенција ќе добијат термин за виза. Сепак, визите никогаш не биле обезбедени, а измамените лица останале без своите пари и без ветените визи.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More