Home » Изгореа три куќи во горниот дел од Струмица

Изгореа три куќи во горниот дел од Струмица

by Журнал.мк

Денес, (сабота)22.06.2024 година, во 10.56 часот на улица Крушевска Република, над Момин бунар, ТППЕ Струмица со 5 ПП возила и 18 пожарникари-спасители интервенираше на гасење на запалени куќи. Опожарени се вкупно 3 куќи и причинета е значителна материјална штета. Во акцијата на гасење и спасување, пожарникарите-спасители од едната куќа успеаја да извлечат две постари лица и да ги предадат на екипите на брза помош. Пожарот е целосно ликвидиран, екипи од пожарникари-спасители остануваат на локацијата на пожарот заради евентуално разгорување поради високите температури.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More