Home » Изгоре жито меѓу карбинските села Долни Балван и Трогерци

Изгоре жито меѓу карбинските села Долни Балван и Трогерци

by Журнал.мк

Меѓу селата Долни Балван и Трогерци во Општина Карбинци опожарен е комбајн и поголема површина на жито, кое не е ожнеано. Командирот на Територијалната Противпожарна едница (ТППЕ)-Штип, Благој Ренџов вели дека пожарот настанал откако се запалил комбајн кој жнеел јачмен, по што огнените јазици зафатиле и дел од неожнеаното жито. Повикот до нив е пристигнат околу 14 часот, а во моментов е изгаснат и пожарникарите се вратени од терен.

-Комбајнот е опожарен, за среќа имале противпожарен апарат и не дозволиле да биде зафатен целосно, но пожарот се проширил и по ожнеаниот дел, но и по житото кое требало да се жнеее, околу 20 хектари се зафатени, вели Ренџов.

Пожарот го гаснеле осум пожарникари со три противпожарни возила. Ренџов вели дека денеска имале и уште една помала интервенција во градот Штип.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More