Нов немил настан поврзан со јавниот градски превоз. Во селото Грушино, во близина на Арачиново изгорел автобус на ЈСП Скопје. Пожарот избувнал ненадејно, при што за кратко време огнените јазици го проголтале целото возило. На местото на настанот брзо реагирале противпожарни екипи, кои со навремена интервенција успеале да го локализираат и изгаснат пожарот. Се уште не се познати причините за пожарот. Се очекуваат повеќе информации и детали од МВР и ЈСП.
Изгоре автобус на ЈСП
33