Home » Изгласан Буџетот на Град Скопје за 2025 година

Изгласан Буџетот на Град Скопје за 2025 година

by Журнал.мк

Со 28 гласа „за“ и два „против“ Советот на Град Скопје на денешната седница го донесе буџетот на Град Скопје за 2025 година.

За Предлог-буџетот беа поднесени 42 амандмани од повеќе политички партии, а по координацијата на советничките групи со претседателот на Советот Трајко Славески и градоначалничката Данела Арсовска дел од амандманите беа самостојно повлечени од предлагачите, а дел одбиени поради технички неправилности.

Предложениот Буџет на Град Скопје изнесува 140 милиони евра.

На седницата беше донесен и Планот на програми за развој за 2025 – 2027 година. Овој план, како што образложи Јулијана Тасиќ од секторот за финансии на Градот, претставува среднорочен приказ на програмите кои што се наменети за развој на инвестиции за посочениот период.

-Тоа е преглед на среднорочните проекции на одобрени средства во буџетот по одделни буџетски потпрограми и години , како што ќе се реализираат и изворите на нивното финансирање. Изработен е согласно насоките од Мининистерството за финансии и согласно предлозите добиени од секторите и ги содржи сите капитални проекти кои се наменети за подобрување на инфраструктурата, изградба и реконструкција на патишта и инфраструктурни објекти и сите други капитални проекти каде инвестицијата опфаќа период подолг од една година. Предлог планот на програми за развој станува составен дел на буџетот на Град Скопје и сите измени што се предвидоа во буџетот ќе се рефлектираат во овој план, вели Тасиќ.

На седницата помина и Одлуката за извршување на Буџетот на Град Скопје за 2025 година.

На дневниот ред за денешната седница на Советот има околу 40 точки. Меѓу последните на дневиот ред е и точката со која се бара цената по изминат километар на приватните превозници да се зголеми за 20 денари.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk