Home » Изгаснати пожарите во Матејче и Жегљане

Изгаснати пожарите во Матејче и Жегљане

by Журнал.мк

Сува трева и стрништа гореле во липковското село Матејче и во село Жегљане во општина Старо Нагоричане, информираа денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово, во моментов нема активни пожари на подрачјето на поширокиот кумановски регион.

Двата пожари се изгаснати. Во Жегљане со пожар биле зафатени и насади со орев и лозје на површина од 1, 5 хектари.

– Сите пожари на територија на општина Старо Нагоричане се изгаснати, вчера како и изминатите денови повторно имаше пожар во село Жегљане во близина на борови, се појави до патот, на граница со селото Степанце. Веднаш интервенираше ТППЕ Старо Нагоричане и пожарот беше ставен под контрола, изјави командирот на ТППЕ Старо Нагоричане, Далибор Трајковски.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More