Home » Изборот на нови уставни судии го чека изборот на членови на собраниска комисија

Изборот на нови уставни судии го чека изборот на членови на собраниска комисија

by Журнал.мк

Фокусот ќе биде избор на Владата, а потоа ќе се распределат членови и заменици на Комисијата за избори и именувања според новото мнозинство, изјави Јован Митревски од СДСМ за Комисијата што треба да предложи кандидати за уставни судии

Уставниот суд 2022 година ја почнува со петмина судии од вкупно девет, а за нормално да функционира, потребно е двотретинско мнозинство, односно шест судии. Собранието повеќе од шест месеци не дебатираа за тоа кој треба да седне на испразнетите судиски столчиња. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски за тоа го обвинува претседавачот на Комисијата за избори и именувања од СДСМ.

– Доколку и СДСМ сака да избереме уставни судии, седница на Комисијата може да се закаже уште денес. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствува на оваа комисиска расправа, како и на пленарната седница – изјави Мицевски за „Слободен печат“.

Фокусот на наредната седница на Собранието ќе биде избор на Владата, а потоа ќе се распределат членови и заменици на Комисијата за избори и именувања според новото мнозинство, изјави за „Слободен печат“ Јован Митревски, координатор на пратеничката група на СДСМ.

Професорот по уставно право на Универзитетот на Југоисточна Европа Јетон Шасивари за „Слободен печат“ вели дека и пет уставни судии се сепак легитимно и легално мнозинство, но доволен е еден глас против за да се блокираат одредени предмети.

– Немањето целосен капацитет за одлучување, влијае врз квалитетот на работата на Уставниот суд. Досега се одложени десетици предмети поради ова што сериозно ги загрозува владеењето на правото и човековите права, а дополнително ја намалува довербата на граѓаните во правосудниот систем – вели Шасивари.

Претходно, претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска апелираше што поскоро да се комплетира судот, бидејќи не можат да гласаат закони за кои е потребно двотретинско мнозинство.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More