Home » Изборите ќе чинат 17 милиони евра, вели Даштевски

Изборите ќе чинат 17 милиони евра, вели Даштевски

by Журнал

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, вечерва посочи дека претстојните избори ќе чинат 17 милиони евра. Тој на ТВ 21 потенцираше дека дел од парите ќе бидат наменети за медиумите, поточно кај партиите за изборно рекламирање, а државни пари ќе одат и кон партиите.

-Согласно законот, 40 отсто од парите одат кај најголемата опозициска партија, 45 отсто кај најголемата партија која е на власт, седум отсто кај партиите кои имаат свои претставници во Парламентот и три проценти за другите партии кои немаат претставници во Собранието. Тие потоа се договараат, мора да имаат договори во однос на тоа кај кои медиуми колку време ќе се рекламираат – појасни Даштевски.

Одговарајќи на прашањето дали непречено ќе се спроведат изборите со оглед на тоа што недостасува еден член во ДИК, тој рече дека тоа е исклучиво во надлежност на Собранието, но според законот, ДИК може да работи ако има мнозинство.

-Тоа значи дека ако има шест члена може да работи непречено и законски. Државната изборна комисија може да работи дури и со четири члена. Наше е да ги спроведеме изборите. Ние имаме искусен состав, неколку члена се веќе во втор мандат, а некои имаат и по три мандати – истакна првиот човек на ДИК.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More